Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил погоден со куршум во напад на предизборен митинг во Батлер, објави The Washington Post, цитирајќи го окружниот обвинител. Напаѓачот и еден од присутните на собирот се убиени.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е добро и е на безбеднсот место, откако во саботата вечерта биле испукани неколку истрели на неговиот призборен собир во сојузната држава Пенсилванија.
„Тајната служба спроведе заштитни мерки и поранешниот претседател е безбеден“, беше официјално објавено.
Истрелите одекнаа веднаш откако Трамп го започна говорот на митинг на отворено во градот Батлер.
Агентите веднаш го соборија Трамп и го легнаа под подиумот. Телевизијата CNN објави дека поранешниот претседател е повреден, но не соопшти детали. На видеото се гледа дека Трамп има малку крв околу десното уво и на десната страна од лицето.
По неколку моменти станал, опкружен со агенти кои го придружувале од бината до автомобилот. Тој во знак на инает ја крена тупаницата во воздух, а поддржувачите го бодреа.
Портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг, рече дека на поранешниот претседател е „добро“.
„Претседателот Трамп им се заблагодарува на органите за спроведување на законот и на итните служби за нивната брза реакција за време на овој грозоморен чин. Тој е добро и моментално е на преглед во локалната медицинска установа. Наскоро ќе имаме повеќе детали“, изјави Чеунг.
„Видовме како многу луѓе се фрлаат на земја, изгледаат збунето, слушнав пукотници, звучеше како нешто меѓу петарди и пиштол од мал калибар“, изјави за AFP. Џон Јејкал, сведок на местото на настанот.
Претседателот Џо Бајден е информиран за ситуацијата, соопшти Белата куќа.
Ова беше последниот предизборен митинг на Трамп пред почетокот на Националната конвенција на Републиканците во Милвоки во понеделник.