
Нови снимки од Салах Абдеслам, осомничениот за нападите од Париз, објавија француските медиуми.
Според објавените информации, снимките се снимени еден ден по нападите од 13-ти ноември минатата година, во кои животот го загубија 130 лица.
Абдеслам бил снимен од надзорните камери на бензинската пумпа на границата со Белгија, набрзо откако побегнал од Франција.

Снимките ги објави француската BFM TV, а на нив се гледа дека Абдеслам е заедно со Хамза Атуа, за кого постои сомневање дека им помогнал на напаѓачите и дека тој наводнио го вратил назад во Белгија.
Како што пренесува Телеграф, снимката е направена на 14-ти ноември минатата година во 9.45 часот наутро. Полицијата во меѓувреме го уапси Атуа.