ВИДЕО: Објавени снимки од нападите во Истанбул

Најмалку четири лица загинаа, а 20 други се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад на главната шопинг улица во центарот на Истанбул, јави ДПА.

Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и странски бреднови.

Според телевизијата Си-Ен-Ен Турк, меѓу загинатите при експлозијата е и бомбашот-самоубиец.

Полицијата го блокира реонот околку местото на нападот, каде пристигнале поголем број возила на брзата помош.

Турските власти неодамна изразија стравување дека со наближувањето на курдската Нова година, која се прославува на 21 март, постои опасност за зголем број терористички напади.

Денешната експлозија во Истанбул доаѓа по нападот во Анкара на 13 март, при кој загинаа 37 лица. Одговорност за овој напад презеде групата Соколи за слободата на Курдистан (ТАК), која е формирана од отпадници од Курдската работничка партија (ПКК).

Во сличен напад минатиот месец во Анкара, за кој одговорност исто така презеде ТАК, загинаа 30 лица.

Во јануари пак на плоштадот „Султан Ахмет“ во Истанбул, при бомбашки напади извршен од припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), загинаа 12 странски туристи, од кои ннајголемиот број Германци.