(ВИДЕО од парадата во Ниш) Вучиќ: Србија одговорно ќе ги чува мирот и стабилноста

Политичко-безбедносната ситуација е многу сложена, но Србија ќе се однесува одговорно и ќе ги чува мирот и стабилноста, порача во петокот спрскиот претседател Алескандар Вучиќ во Ниш, пред одржувањето на воено-полицската парада по повод Денот на победата на сојузниците во Втората светска војна.

„Србија ќе се однесува одговорно и сериозно, да ги чува мирот и стабилноста. Но со многуте лошуи реченици кои ги имаше (поранешниот југословенски водач) Јоси Броз (Тито), имаше и една добра: да живееме како дека сто години ќе има мира, но да бидеме подготвени земјата да ја браниме во секој момент“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Единиците на полицијата и на војската се сѐ поподготвени, пообучени и поопремени, рече Вучиќ, истакнувајќи дека „буџетот за одбраната никогаш не бил поголем“. „Тоа ја олеснува позицијата на една релативно мала, но независна земја да води независна политика“, оцени српскиот претседател истакнувајќи дека целта е „одвраќање на потенцијалните агресори“.

На парадата учествуваат авионите „МиГ-29“ и хекикоптерите „Ми-35“, а со купувањето на уште три хеликоптера „Ми-17“ и нарачките на три „Puma“ и „H-145“, Србија, покрај Унгарија, Полска и Романија е најголемиот побарувач на хеликоптери во европскиот регион. Вучиќ потсети дека Србија купи и два система на беспилотни летала кои се „суштината на модерното војување“/.

На парадата во Ниш под наслов „Одбрана на слободата“ учествуваат повече од 4.000 војнции и полицајци, 380 борбени возила, меѓу кои „Хамер“ и „Лазар“, артилериските системи, „Оган“ и „Шумедија“ и 40 авиони и хеликоптери. Беше изведен и падобрански десант со скокови од 2.000 метри височина.

Според Вучиќ, тоа „драматично“ ја менува позицијата на Србија во воена и полициска смисла. „Сето тоа треба да послужи за одвраќање на потенцијалниот агресор од напад врз Република Србија“, рече Вучиќ пред почетокот на парадата.