Видео од силниот земјотрес што ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го стресе брегот на префектурата Мијаги во Јапонија.

Епицентарот се наоѓа на длабочина од 60 километри во близина на источниот брег на Хоншу.

Земјотресот се почувствува и во Токио, оддалечен 400 километри, а јавноста беше предупредена да не се приближува до крајбрежјето поради опасност од цунами.

Објавени се неколку видеа од тоа како се тресеше сé, погледнете: