Мислевме дека само Кочани има уникатни кружни текови, ама овој струмичкиот е врв на инжинерско-архитектонска поставеност и треба да добие некоја награда.
Најсоодветна би била „Промашување на права улица“!
Сепак, многу е оригинален еден Фејсбук статус пропратен со видео.
„Шо е па толку битно дали си у Париз или у Струмица..Исто ти е..Јам’к си е Јам’к..И у Париз не се замарат. Одаме јако, Европска Струмица“, пишува Кирил Мучев.