ВИДЕО: Огромен пожар во центарот на Лос Анџелес

Голем пожар изби во центарот на Лос Анџелес во Калифорнија, поради што се затворени двата главни автопати и е предизвикан вистински колапс во овој американски град.

pozzar_2

Амерканските медиуми пишуваат дека пожарот избил во станбена зграда која е во изградба, а биле зафатени и две други згради.

– Повеќе од 250 пожарникари сеуште се обидуваат да се изборат со огнената стихија во центарот на градот, изјави портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Дејвид Ортиз.

pozzar_3

Ортиз изрази уверување дека во зградата немало никој во моментот кога избил пожарот.

Инаку, пожарот избил во 1.20 часот по полноќ, а можел да се забалежи и на другиот крај на градот.