Две деца загинаа во неделата во одрон на карпа која што паднала врз планинска куќа во едно село во регионот Алпес-Маритимес, на југоистокот на Франција.
Во куќата, околу пет часот утрото, имало седум лица. Покрај двете загинати деца, на возраст од седум и 10 години, во куќата престојувале и нивните родители. Во моментот на несреќата, останатите членови на семејството успеале да избегаат од куќата.
Повредените се сместени во болница во Ница. Додека, телата на загинатите деца се пронајдени од кучиња трагачи.
Планинската куќа се наоѓа во националниот парк Меркантоур покрај пат. Одронот најверојатно бил предизвикан од силен дожд и затоплувањае, сметаат властите и додаваат дека секогаш постои опасност од одрон на карпи.