Кошаркарите на Денвер изминатата ноќ во НБА лигата ги совладаа Клиперси со резултат 127:115, а повторно прв стрелец во редовите на Нагетси беше Никола Јокиќ.
Српскиот центар за 34 минути поминати на паркетот забележа „дабл-дабл“ учинок од 30 поени, 14 скокови и шест асистенции.
Арон Гордон придонесе во победата 16 поени (седум скокови, шест асистенции), а на спротивната страна Теренс Ман запиша 24 поени (осум скокови).
После двата порази од Кливленд и Бостон, екипата на Денвер им се врати на победите и моментно е шестопласиран во Западната конференција (43-30), додека Лос Анџелес клиперс е на осмата позиција (36-38).
Тре Јанг постигна 45 поени во „Медисон Сквер Гарден“ и Атланта славеше со 117-111 против Њујорк. Богдан Богдановиќ имаше за него рекордни сезонава 32 поени за Хоукс. Ар Џеј Барет со 30 поени и 13 скока најмногу се истакна кај Њујорк.
НБА лига, резултати –
Орландо – Голден стејт 94:90
Њујорк – Атланта 111:117
Милвоки – Чикаго 126:98
Денвер – ЛА Клиперс 127:115