(ВИДЕО) Џонсон позитивен на коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот и во самоизолација, но ќе ја продолжи да ја води владата борбата против пандемијата.

Џонсон во објавата преку социјалните мрежи додаде дека е во самозилација, но дека по пат на видео-конференција ќе продолжи да на води владата во борбата против вирусот.

„Благорарејќи на волшепството на технологијата можам да продолжам да комунициарм со својот тим“, истакна Џонсон, пренесува BBC.

Портпаролот на британската влда изјави дека 55-годишниот премиер Џонсон добил благи симптоми во четвртокот, зголемена температура и кашлање, ден откако во долниот дом на британскиот парламент на прашањата на пратениците.

Портпаролот додаде дека премиерот е тестиран на коронавирурот, откако лично му го советувал главниот владин стручњак за пандемијата, професорот Крис Вити.

„Тестот во Даунинг Стрит го спроведе персомал на Националната здравствена служба (NHS), а тестот беше позитивен“, рекол.

Џонсон, пак, им се заблагодари на сите лекари и волонтери, на полицајците, социјалните работници и сите кои се борат со коронавирусот. Повика, исто така, на придржување на мерките кои ги пропишуваат лекарите.

„Благодарност до сите коишто го раотат тоа, кои работат од дома, за да престане ширењето на вирусот од дом во дом. Ова е начинот преку кој заедно ќе победиме. Останете дома, заштитете ја Националната здравствена служба и спасувајте животи“, се обрати британскиот премиер до сонародниците.

Засега не е познато колку вработени во владата и министри ќе мора да бидат упатени во изолација, земјаќи предвид дека голем дел од нив изминатите денови и седмици биле во контакт со Џонсон.

Кога Британците во четвртокот вечерта им ракоплескаа на здравствените работници, премиерот Борис Џонсон и неговиот министер за финансии Риши Сунак излегоа од Даунинг Стрит низ различни врати и не се приближувале еден до друг, пренесе владата.

Владата претходно објави дека Џонсон има опција да ги делегира своите работи на минситерот за надворешни работи, Доминик Рааб, доколку тоа биде потребно.

По Џонсон, денеска и министерот за здравство, Мет Хенкок ,објави дека е позитивен на новиот коронавирус. Откако развил симптоми во средата навечер, Хенкок бил тестиран и по добиениот позитивен резултат тој сега работи од дома.

Според бројките на агенцијата Reuters, во Обединетото Кралтво во моментов има 11.658 потврдени случаи на заразата со коронавриус, со 578 смртни случаи.

Британија е меѓу осумте најпогодени држави со вирусот, по САД, Италија, Кина, Шпанија, Германија, Франција и Иран.

Претходно седмицава беше потврдено дека е заразен и 71-годишниот британски принц Чарлс, кој се чувствува добро во самоизолација во Шкотска, со неговата сопруга Камила.