Насилници од кампот на опозицијата на Илинденска, заедно со блискиот соработник на Зоран Заев, Аднан Ќахил, физички нападнале двајца недолжни граѓани, вчера доцна попладне.
Нема информации како настанал инцидентот, но од снимката, до која дојде НетПрес, се гледа како насилниците удираат со тупаници двајца велосипедисти, од кои едниот е возрасен.
На видеото се гледа како насилната група ги брка двајата недолжни граѓани и прво вербално ги напаѓа на булеварот Климент Охридски. По кусата расправија прв по недолжните граѓани со тупаница удира Аднан Ќахил, а веднаш му се придружуваат уште неколку помлади лица од опозицискиот камп. Тие со клоци и тупаници удираат едниот од двете лица.
Тепачката се случила пред очите на мајки со мали деца, кои минувале оттука.
За среќа инцидентот не добил поголеми размери, бидејќи веднаш реагирале полицајците, кои ја обезбедуваат Владата. Неофицијалните информации велат дека двајца од напаѓачите биле приведени и сослушани за инцидентот.
Нервозата во редовите на опозицијата е очигледна, особено по постапките на нејзините луѓе, кои не бираат ниту средства ниту место за физички напади, покажува овој инцидент.
Ова не е прва тепачка што се случува. Пред извесно време НетПрес објави видео снимка на која се гледа кошкања меѓу две групи во кампот, вднаш по физичка пресметка. Тогаш реагирал Миле Зечевиќ, кој се гледа на видео записот како ги смирува двете завојувани страни.
Луѓето кои подобро ги познаваат состојбите во СДСМ се изрични дека ваквиот инцидент е резултат на фрустрацијата и негодувањето кое постои од работењето на Заев, како и преголемите очекувања што тој ги создаде, а кои не се исполнуваат. Главната причина за разочарувањето во кампот на СДСМ е тоа што неговите бомби немаат ефект и не ја предизвикуваат очекуваната реакција во јавноста, и она што Заев им го ветувал дека многу брзо ќе дојдат на власт.
Инаку таквото разочарување е надополнето со огромни количини на алкохол кој се конзумира во кампот на СДСМ пред владата, а некои велат дека таму има и кознумирање на недозволени психотропни сустанци, и сето тоа доведува до инциденти и физички пресметки.