(ВИДЕО) Оружен инцидент во Москва, еден загинат

Најмалку едно лице загинало во напад со огнено оружје во југоисточниот дел на руската престол нина Москва во средата, а напаѓачот се забарикадирал, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Локалните медиуми известуваат дека во инцидентот се повредени најмалку три лица, а напаѓачот зел неколку лица за заложници.

Безбедносните сили поставија кордон околу местото на инцидентот, но ги демантираа информациите за заложници

„До конфликтот дојде поради имотен спор, при што едно лице пукаше во друго. Жртвата почина. Полицијата спроведува мерки за да го приведе одомничениот“, соопшти руското МВР.

Преговорите за имотот ги воделе двајца ривалски бизнисмени околу една фабрика за кондиторски производи. Напаѓачот бил претходен сопственик, а жртвата сегашен.

Мажот кој е забарикадиран во фабриката во телефонско јавување за телевизискиот канал Москва-24 рекол дека и во него, исто така, било пукано,