ВИДЕО| Оскари: Вил Смит го удри водителот поради шега за неговата сопруга

Актерот Вил Смит излезе на сцената и го удри водителот Крис Рок за време на церемонијата на доделување на филмските награди „Оскар“, синоќа.

Иако сите прво мислеа дека се работи за сценарио, подоцна сфатија дека не е режирана сцена, според реакциите на двајцата актери.

Причина за ова беше што Рок се пошегува на сметка на физичкиот изглед на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит, која е без коса, поради алопеција (здравствена состојба на губење на косата).

Откако Рок го кажа она што требаше да звучи како шега, Смит отиде на сцената и го удри Рок по што се врати на своето место и му порача да не го споменува името на неговата сопруга, придружено со пцовки.

Рок подоцна се извини на сцената.

„Сакам да и се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на сите мои номинирани колеги“, рече тој.