![zemjisteusa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/zemjisteusa.jpg?resize=640%2C409&ssl=1)
Осум лица во лизгањето на земјиштето во американската држава Вашингтон.
Весникот „Сиетл Тајмс“ објави дека спасувачките екипи, во кои работат стотина лица на копно и во воздух, ќе продолжат денеска да трагаат по 18 лица, чија судбина не е позната по лизгањето на земјиштето во саботата.
Геолози го набљудуваат регионот од воздух, за да проценат како да го стабилизираат теренот и да ги заштитат спасувачките екипи.
Во округот Снохомиш во саботата како последица на поројните дождови дел од планина се одрони и падна врз куќи, автопат и реката под неа.
Осумнаесетте исчезнати лица живееле на местото на кое паднал делот од планината.