„Џокер“ – филмот кој ја следи приказната за култниот негативец од приказните за Бетмен, доби осумминутни стоечки овации на својата премиера за време на Венецискиот филмски фестивал.
Главната улога на негативецот ја игра Хоакин Феникс, а критичарите веќе зборуваат за наградата „Оскар“.
Една од најочекуваните продукции за сезоната ја следи приказната и причините зошто Артур Флек станува Џокер. За својата улога, Феникс драматично ослабе.
Според него, тој поминал долго време одвоен од надворешниот свет за да го развие „лудилото и манијакалното смеење“ на Артур Флек.
„Улогата на Хит Леџер како Џокер не влијаеше врз мене на кој било начин“, рече тој пред новинарите во Венеција. Според неговите зборови, ова е сосема нов карактер.
Уметничкиот директор на филмскиот фестивал во Венеција коментираше дека овој филм ќе го испрати Хоакин Феникс директно до „Оскарите“ и може да му ја донесе статуетка во категоријата Најдобар актер.
Другите критичари на филмот коментираат дека „Џокер“ е новиот „Боречки клуб“. Филмот ќе се најде вокината на 4 октомври за Соединетите држави.