Во последниот натпревар од 15-т коло од италијанското фудбалско првенство Џенова славеше на гостувањето кај Верона со минималните 1:0, а погодокот вреден големи три бода го постигна капитенот на македонската селекција Горан Пандев во последната минута од првото полувреме.
Македонскиот интернационалец и репрезентативен капитен, Горан Пандев, стартуваше од самиот почеток на мечот и во својот единаесетти настап сезонава првпат се запиша во листата на стрелците.
Пандев беше прецизен и ја погоди противничката мрежа по одличната одиграна акција.
Благодарејќи на оваа победа Џенова побегна од опасната зона за испаѓање од Серија А и со 13 бодови е на 15-то место, додека Верона остана со 9 бодови и остана претпоследна 19-та.