Папата Франциско ги изненади сите присутни, кога во текот на возењето со „папамобилот“ го препознал и го повикал својот пријател Фабиан Баез, свештеник од неговиот роден Буенос Аирес, да му се придружи во автомобилот.
Папата им дал знак на неговите телохранители да му дозволат на неговиот пријател да му се приближи, а Баез потоа му се придружил во „папамобилот“.
Свештеникот Баез изјавил дека бил шокиран од фактот дека се нашол во автомобилот на Папата.