Во текот на своето редовно неделно обраќање пред верниците во Ватикан, папата Франциско, чиј мајчин јазик е шпанскиот, случајно наместо италијанскиот збор „касо“ (што значи случај) изговорил непристоен збор „казо“, што во слободен случај значи *бате, но набрзо ја исправил грешката и го продолжил говорот.
Печатените и електронските медиуми не дозволиле овој инцидент туку така да помине, па постојано се зборува за тоа.
Обраќајќи се пред илјадниците верници на плоштаот Свети Петар, папата рекол:
„Доколку секој од нас, наместо да го зголемува своето лично богатство, да им отстапи малку и на другите, во тој (*бате)…, божјата волја ќе се покаже низ тој гест на солидарност“, пренел весникот „Локал“.
Италијанскиот збор „казо“ е вулгарен назив за пенис, но често се користи како пцовка.