ВИДЕО| Партиското обезбедување на СДСМ ги малтретира граѓаните на Мечкин Камен за да не ги ругаат функционерите

И самите свесни за погубноста на политиките кои ги спроведуваат, особено кога станува збор за шрифаќањето на ткн „француски предлог“ во врска со барањата на Бугарија за деблокирање на процесот на приближување кон ЕУ, државните и партиски функционери на владејаќката СДСМ во вторникот на Мечкин Камен настојуваа по секоја цена да ја задушат реакцијата на народот кој традиционално на Илинден 2=ри август на историската местност крај Крушево го одбележува Денот на републиката.

Снимките покажуваат како лица ангажирани од партијата се обидуваат што подалеку да ги истуркаат незадоволните граѓани што подалеку од патеката по која минуваат државно-партиските функционери на СДСМ. Како што беше известено претходно во вторникот, партиското обезбедување на СДСМ, наместо полицијата се обидуваше да ги потисне граѓаните кои го изразуваа своето незадоволство од политиките на власта.

За среќа, ваквото однесување не доведе до поголеми инциденти, кои веројатно и беше заднината на ваквото однесување и организација на настанот од СДМС.

Опозицистка ВМРО-ДПМНЕ ја обвини денеска власта дека го ограничила пристапот до Мечкин Камен на граѓаните кои трациционално масовно доѓаат таму секој 2-ри август да оддадат почит на великаните кои ги се вградиле со своите животи за Македонија.

„СДСМ и нивниот челник и и премиер Димитар Ковачевски се исплашени од народот, и затоа му го одзеле правото да се потсети на жртвата на предците и достојно да ја одбележи“, велат меѓу дугото од ВМРО-ДПМНЕ.