(ВИДЕО) Патници снимија слетување на авион со пожар во моторот

Патници снимиле видео од принудното слетување на авион од типот „Ту-204“ на воздухопловната компанија „Red Wings“ на чиј мотор избил пожар, и само неколку часа по инцидентот во средата го поставија на социјалните мрежи.

Авионот на руската компанија полетал од Уфа кон црноморското летувалиште Сочи, но речиси веднаш по полетувањето се вратил на аеродромот поради пожар на левиот мотор.

На летот имало 204 патници, коишто по принудното слетување биле евакуирани од авионот со помош на помошните воздушни ленти за итни случаи. Нема повредени во инцидентот.

По принудното слетување со патниците и екипажот разговарале психолози, а неколку часа подоцна биле препратени до резервниот авион на компанијата. Според обвинителството за транспорт, некои од патниците се откажале да го продолжат летот.

Во медиумските извештаи се наведува дека на аеродромот во Уфа е фомирана истражно-оперативна група и претставник на Федералната агенција за воздухопловен сообраќај кои ги утврдуваат причините за пожарот на моторот.

https://www.youtube.com/watch?v=OneZ5rTZbVw