Роб Гринфилд од Сан Диего сакал да го привлече вниманието на јавноста дека огромни количини храна завршуваат во контејнерите за ѓубре. Затоа седум дена патувал низ Соединетите Американски Држави и се хранел само со тоа што ќе го најде во контејнерите.
Звучи неверојатно, но 20-годишниот Гринфилд, секој ден на својата трпеза имал свежо овошје и зеленчук, пецива и друга храна вредна и до 200 долари, а за тоа тој не потрошил ниту еден денар. Храната ја земал од контејнери кои што се наоѓале покрај големи маркети или ресторани.
Целта на неговата егзибиција е да покаже дека беспотребно се фрла голема количина на храна. Со тоа сака да ги поттикне луѓето да поводат поголема сметка за храната која што ја фрлаат во кантите за отпадоци.
„Мојата цел е да ги поттикнам луѓето да го прават истото што и јас и повеќе да водат сметка за храната што ја фрлаат“, рекол Гринфилд.