![1052455520](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/1052455520.jpg?resize=696%2C377&ssl=1)
Педесет лица се повредени при судир на два воза во Москва соопштила денеска компанијата „Руски државни железници“.
„Според преелиминарните податоци, 50 луѓе побарале лекарска помош“, навела компанијата во соопштението, јавува новинската агенција Тасс.
Како што пренесува агенцијата Тасс, 11 повредени се хоспитализирани, меѓу нив и едно дете. Извор од руската железница за агенцијата навел дека до несреќата дошло бидејќи машиновозачот на еден од возовите се обидел да избегне да прегази еден човек и употребил кочница за вонредни ситуации.
https://www.youtube.com/watch?v=L7o81Dc3DnA