Седум лица се убиени во нападот во синагогота во центарот на Виена а уште 15 лица се повредени, пренесува телевизискиот канал OE24 повикувајќи се на полициски извори, истовремено медиумите јавуваат и за заложнички кризи во австриската престолнина, а министерството за внатрешни работи наведува дека станува збор за веројатно синхорнизирани напади на шест различни локации
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер потврди дека станува збор за повеќе напади во Виена во понеделникот вечерта, и ги оцени како терористички, но според него, станува збор за само две жртви, од кои едниот е напаѓачот.
„Станува збор за јасен терористички напад“, изјави министерот.
Државната новинска агенција APA објави дека се ранети „најмалку 15 луѓе, од кои седум се во критична состојба“, но не известува за смртно настрадани.
Според сознанијата на телевизијата, еден од двајцата напаѓачи вооружени со автоматски пушки бил убиен во престрелка со полицијата. Виенската полиција првично ја објави истата информација, но подоцна се ограничи само на потврдата дека еден од напаѓачите е уапсен. Медиумите известуваат дека едниот од напаѓачите загинал кога активирал експлозив кој го носел на себе.
Министерството за внатрешни работи на Австрија објави дека нападот го истражува како терористички чин.
Истовремено со пукањето во Виена, имало и заложничка драма. Според телевизијата ОЕ24 станува збор за јапонски ресторан „Akakiko“ во седниот реон на австриската престолнина, додека претходното пукање пред синагогата се случило во првиот реон. За овој инцидент засега, полицијата не дала информации.
Исто така, полицијата не ги потврдува ниту информациите на весникто Kurier, кој се повикува на сопствени полициски извори, дека биле земени заложници во хотелот „Hilton“ во центарот на Виена.
Како што објави министрството за внатрешни работи неколку напади започнале во 20 часот на шест места во цемтарот на Виена,, меѓу другото и пред синагогата, а во нив учествувале „до десетина напаѓачи“ од кои некои сѐ уште се во бегство.
Портпаролот на министерството за внатрешни работи појасни дека во судирот со полицијата е убиен еден од наппаѓачите, а едн полицаец е тешко ранет.
Портпаролот на Виенскиот здравствен сојуз, Кристоф Миерау, за агенцијата APA потврдил дека има 15 потвредени лица, од кои седум тешо.
Австриските медиуми објавуваат снимки од неколку безбеднони камери кои покажуваат еден или повеќе напаѓачи во бели комбинизони вооружени со автоматско оружје.
На социјалните меежи се појавија и неколку пораки во кои со вокабуларот на исламистичките организации се повикува на „света војна“ против Западот.
Австирскиот канцелар Себастијан Курц во моментов се наоѓа во минситерството за внатрешни работи на кризен состанок