ВИДЕО| Пендаровски: Бугарскиот технички министер Милков нека се прошета до Ваташа

На бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и уште на неколку други лица, да им се забрани влез во државата, побара претседателот Стево Пендаровски на вчерашната седница на Советот за безбедност.

„Во однос на изјавата на техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, дека Македонија се враќа на традицијата на колежи и насилства. Единствено тоа е точно, ако мисли на периодот 1941-1944. Го повикувам бугарскиот министер Милков да се прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција“, рече Пендаровски.