ВИДЕО: Пендаровски дури и во дебатата го бранеше Бранко Црвенковски

Целосна доминација на актуелниот претседател и кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на телевизиската дебата на националниот сервис. Иванов даваше конкретни одговори и беше убедлив во својот настап. Се осврна на приоритетите, на делот на надовершната политика,  безбедноста, со главен акцент на економијата и отворањето на нови работни места.

Од друга страна, Пендаровски кој на своите настапи бараше упорно дуел со Иванов, на можноста за контрареплики во најголемиот дел ги премолчуваше и не влегуваше во дебата.

Интересно беше тоа што Пендаровски дури во својот настап на една дебата проба да го одбрани Бранко Црвенковски изјавувајки дека Македонија по однос на виталните сектори заостанува дури и во однос на 90-тите години, период кога со државата управуваше токму Црвенковски.

„Македонија во виталните сектори на секое општество и држава заостанува во однос на она што беше во деведесеттите, а да не зборам само за пред пет, шест, седум години“, рече Пендаровски.

Пендаровски продолжи со познатата реторика на напади, критика и не се задржа на некој конкретен проект или визија. На дебатата можеше да се чуе дека Пендаровски иако бил советник во два кабината на претседатели на РМ, ја оставил државата со неажурирани и застарени планови за безбедност дури од 1993-та година. Пендаровски се бранеше дека е зачуден од таквата ситуација и дека тоа не било точно иако не се изјасни прецизно дали воопшто се работело за нивно ревидирање.