ВИДЕО| Пендаровски, Груби и Бочварски исвиркани пред црквата „Свети Спас“ – Предавници!

За време на церемонијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, насобраната толпа пред црквата Свети Спас ги исвирка Пендаровски, Груби и Бочварски, извикувајки -Предавници!

На свеченостите по повод 150 годишнината, ќе учествува и бугарска делегација која ќе ја предводи шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.Таа ќе положи цвеќе на централната свеченост по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, заедно со македонската министерка за култура Бисера Костадинова Стојчевска и заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.

Во состав на бугарската делегација ќе бидат и заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова и претседателот на парламентарната комисија за култура Тошко Јорданов.

ВИДЕО: Инфомакс.мк