Претседателот Стево Пендаровски кој како покровител на ракометниот турнир пристигна во Струга за да го проследи натпреварот помеѓу Еуростандард Пелистер и Татран од Прешов, беше громогласно исвиркан од публиката.
Во моментот кога официјалниот спикер го најавува пристигнувањето на претседателот, публиката одеднаш почна да свири и да упатува навредливи пораки кон шефот на државата, а се слушаше и паролата „Никогаш Северна, само Македонија“.
Претходно, претседателот Пендаровски доживеа слична ситуација во Галичник кога за време на Галичката свадба доби изрази на незадоволство од граѓаните.
Во продолжение, погледнете го видеото:
Пендаровски пречекан во Струга pic.twitter.com/eCSAiWKCVa
— EXPRES.MK (@ExpresMK) August 19, 2022