![pendarovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/pendarovski.jpg?resize=696%2C405&ssl=1)
Претседателот Стево Пендаровски од студиото на ТВ21 во емисијата „Клик плус“ се осврна на спорот со Бугарија, при што констатитраше дека ако не се најде решени за одредено прашање, според нивното разбирање, следи блокада.
„Комисијата составена од 7 Македонци и 7 Бугари разговара и ако се согласат двете страни упатуваат препораки на двете влади. Ако се согласат двете влади, пуштаат да одредено министерство, да речеме кај нас МОН, ако зборуваме за учебник. Тие понатаму во нивна процедура, според закон, си наоѓаат автори кои ќе напишат учебник за 5,6 одделение… Ако се согласи комисијата дава препорака до владата. На крајот, авторот на учебникот е тој кој сноси целосна одговорност. Дали ќе биде употребена таа формулација. Според договорот со Бугарија од 2017 година, не вели дека она што ќе го заклучи Комисијата е завршена работа“, рече Пендаровски.
На прашањето а што ако не најде решение, претседателот Пендаровски истакна:
„Блокада од Бугарија“!
.@SPendarovski штотуку ПРИЗНА дека со бугарската преговарачка рамка која влегува во Францускиот предлог ќЕ се менува МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА во учебниците по ЖЕЛБА на бугарите 📌
За МК Историја и јазик НЕ се преговара! Тие се БИТОТ на МАКЕДОНИЈА! Се гледаме во Недела МАКЕДОНЦИ 🇲🇰 pic.twitter.com/zBKjPI006r— Мaрга (@MKDProLet) July 8, 2022