Оваа болница петта година по ред стои недовршена, што треба да се случи за премиерот Зоран Заев да ја доизгради, праша во понеделникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ од пред карабината на Клиничката болница во Штип.
„Ова зад мене е недовршената Клиничка болница во Штип, којашто петта година е во застој. Се прашувам колку човечки животи треба да згаснат, колку корона бранови треба да се случат за власта да сфати дека изградбата на оваа Клиничка болница треба да биде приоритет?“, истакна Јорданов.
Го повика актуелниот градоначалник на Штип од редовите на владејачката СДСМ, лекарот Сашко Николов, да го вложи својот авторитет кај премиерот Заев за довршување на споменатиот објект кој има голема важност за јавноздравствениот систем во регионот.
„Ја користам оваа прилика да го поздравам градоначалникот на општина Штип којшто во овој момент се наоѓа на некоја од плажите во Грција. Единствен начин да се спасат човечки животи е да го искористите Вашето влијание како градоначалник да направите притисок врз вашиот ментор Зоран Заев и после пет години застој конечно да ја доврши изградбата на оваа Клиничка болница“, истакна Јорданов.