(ВИДЕО) Пет жртви во уривање на мал авион во Луизијана

Најмалку пет лица загинале во уривањето на мал авион крај градот Лафајет во американската сојузна држава Луизијана, пренесуваат медиумите според кои едно лице веројатно ја преживеало несречата.

Според телевизиската мрежа Fox News инцидентот се случил во 9,22 часот по локално време. Авионот се урнал на пакинг во близина на трговски центар од мрежата „Walmart“, оддалечен од аеродромот околу 1,5 километри.

„Началникот на противпожарната служба на Лафајет, Роберт Бенура, потвиодеке дека станува збор за авион кој може да превезува најмногу осум патници. Пет лица загинаа, има еден преживеан“, објави локалната телевизиска станица KLFY.

Покрај тоа, во болница биле пренесени уште три лица кои во време на несреќата биле на земјата.