Влијателното економско списание Forbes ја објави листата на најплатените блогери на каналот YouTube, а во водечката тројка се најде и петгодишна Русинка чијшто аудиториум на каналот изнесува над 100 милиони корисници.
Девојченцето Анастасија Радзинскаја од рускиот регион Краснодарск која минатата година со семејството се преселила во Бока Ратон на Флорида, има публика од 107 милиони претплатници. Најпопуларните видео прилози се Like Nastya Vlog со 42,3 милиони потписници и Like Nastya со 15, 2 милиони. Севкупно, видеата на младата блогерка биле прегледани 42 милијарди пати.
Според процените на Forbes, нејзиниот годишен приход изнесува 18 милиони долари, без пресметаните даноци, плаќањата на агентите, менаџерите и адвокатите. Со нејзиниот канал соработуваат големи компании за храна и играчки, како „Dannon“ и „Legoland“. Настасја планира следната година да издаде книга, како и да лансира своја линија на играачки и мобилни игри.
Како што се истакнува во прилогот, девојченцето е родено со церебрална детска парализа и лекарите стравувале дека никогаш нема да може да зборува. За среќа, нејзините родители не се препуштиле на очајот и започнале да ги снимаат напредувањата во лекувањето и успесите на своето чедо за да можат да ги видат роднините и пријателите. Сега видеата за нејзните дневни активности, како прошетките со родителите по забавните паркови во светот, се објавуваат на седум светски јазици.
Првото место на ова рангирање на Forbes го зазема осумгодишниот Рајан Каџи, автор на каналот Ryan ToysReview, која на годишно ниво му носи заработка од 26 милиони долари. Постариот од Анастасија инфлуенсер стана славен во жанрот „анбоксинг“, отворајќи ги подароците пред камерата и коментирајќи го секој од нив. Неговиот канал стартуваше во 2015 година и сега прерасна во детски канал под називот „Ryan’s World“ со 23 следбеници.
На листата Top-Earning YouTube Stars за 2019 година на второто место се рангирани пет пријатели познати како Dude Perfect, кои изведваат различни трикови. Тие заработуваат 20 милиони американски долари годишно.
На списокот се наоѓаат и YouTube каналите Rhett and Link, jeffreestar, Preston, PewDiePie, Markiplier, DanTDM и VanossGaming.