Планинарите кои го искачувале вчера Кајмакчалан пред себе имале сурови временски услови.
Разорен ветар дувал и со брзина од 150 километри на час, додека температурите се спуштале под минус 20 степени.
Калина Велевска (28) заедно со уште еден планинар, А.М. (35) загинаа по бурата која ги зафати на планината Ниџе.
Со помош на хеликоптер, три возила и 13 лица од службата за спасување, тие се извлечени и однесени во болница каде е констстирана смрт.
Нивните тела беа пронајдени на 2.524 метри надморска височина.