После војната во Македонија бев во прогон од страна на албанските политички партии, и до ден денес не ја знам причината зошто ме оставија во планините 10 години, и сега се вратив овде со една симболична функција, каде што ќе имам плата околу 500-600 евра, не знам точно колку ќе биде, вели Џезаир Шаќири во интервју за „Лајм тв“.
Според него позицијата советник и не некоја битна функција. Тој објаснува дека оваа позиција ја разбира едноставно ако праша премиерот за некоја околност или ситуација, може да се даде само мислење, но не и наредба, тој има право да прифати или да го одбие советот .
Но јас верувам дека за безбедносните прашања сме покажале дека можеме да ја вознемириме државата во основите, но како што знаеме да ја вознемириме да формираме структури така знаеме да дадеме и позитивно мислење за стабилноста на државата или за една криза која се појавува тука, и тоа ќе биде едно слободно мислење. Ова е едно симболично работно место, јас чувствувам голем замор, не знам колку можам да му помогнам на премиерот за почитта која ми ја направи.
Тој објаснува дека му треба одмор за да ја разбере новата ситуација по 10 години поминати во шумата на Карадак.
Инаку Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, во 2001-та година беше ставен на американската црна листа на македонски граѓани, за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш.
По завршувањето на конфликтот во Македонија, тој беше ослободен од кривичните обвиненија, согласно македонскиот закон за амнестија. Претходно, Шаќири беше пратеник во македонското собрание од редовите на НДП, додека во 2007-та година објави независност на македонското село во кое е роден, Танушевци, и негово припојување кон Косово.
Поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, соопштија од Владата во понеделникот.
Од ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека Шаќири не смее да добие безбедносен сертификат и бараат договорот со него да биде раскинат.