Откако дури 107 часа минала под урнатините како последица од катастрофалниот земјотрес кој во понедлеикот ги погоди југоисточна Турција и соседна Сирија, била спасена 85 годишната жена по име Зејнеп, известуваат во петокот вечерта Sky News.
Таа е една од стотиците луѓе кои беа извлечени од урнатините на уништените згради во Турција по силните земјотреси во понеделникот. Жената повеќе од четири дена била заробена во урнатините на станбена зграда во градот Адијаман во југоисточна Турција.
Ресурсот Humanitarian Relief на Twitter сподели видео на на коешто се гледа постара жена во моментите откако била извлечена од урнатините. На видеото се забележува 85-годишна жена како седи завиткана во ќебе додека спасувачите комуницираат со неа.
Истовремено на споменатиот налог на спасувачкиот тим беше објавено и дека од под урнатините извлекот старец по името Мевлут дури 116 часа по земјотресот. Се додава дека изминатата ноќ на истата локација жив бил извлечен и неговиот син Дерман. Засега нема други поединости за спасениот маж, ниту е посочена локацијата на којашто се одвивало неговото спасување.
The 107th hour and the never-ending struggle..
We rescued 85-year-old Aunt Zeynep alive from the rubble 107 hours after the earthquake
Adıyaman, Mara Neighborhood #earthquake pic.twitter.com/kTofdcS1ne
— Humanitarian Relief (@IHHen) February 10, 2023
Our team has just rescued Uncle Mevlüt after 116 hours of the earthquake.
Last night, our SAR team pulled his son Derman from the rubble alive. pic.twitter.com/V5SRsHIWwx
— Humanitarian Relief (@IHHen) February 10, 2023