(ВИДЕО) Моќната ерупција на вулканот Етна покри неколку градови со пепел, а камења ги оштетија возилата

По спектакуларната ерупција на најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, сицилијанските градови се разбудија утрово покриени со пепел.

Граѓаните и властите денес треба да исчистат улици, дворови, автомобили од пепел и вулкански материјал што се шири во дијаметар од неколку десетици километри.

Вулканскиот материјал и карпите со големина до 10 сантиметри предизвикаа бројни штети на возилата.

Локалните власти бараат да се прогласи елементарна непогода во планинските општини.

За среќа, лавата исфрлена од вулканот не стигна до населените места на планинските падини и немаше човечки жртви.

Денес, по чистењето од пепел и вулкански материјал, треба да се утврди материјалната штета, пред се во земјоделството.

Ерупцијата го затвори меѓународниот аеродром во градот Катанија, административен центар на регионот Сицилија.