ВИДЕО| Побаран притвор за уште тројца осомничени за терористичкиот напад крај Москва

Рускиот Истражен комитет побара во понеделникот вечерта одредувањето затворески притвор и покренување обвинение за уште тројца приведени осомничени поради терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во петокот вечерта во кој според последните информации убиени се 138 лица.

Како што пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на судсуки извори, истражителите побарале одредување на мерката за уште три лица, покрај четворицата, осомничени како директни извршители на нападот од кои двајца ја признале вината, за кои затворскиот притвор до 22-ри мај беше одреден претходно ноќта од неделата кон понеделникот.

„Добиени се уште три материјали: во врска со Исломов Аминчон Исроилович, Исломов Диловар Исроилович и Исломов Исроил Ибрагимович“, соопштиле изворите од судските власти.

Судејќи според заедничките презимиња и патроними (татково име), станува збор за татко и неговите два сина. Две од овие лица инволвирани во случајот веќе се формално обвинети, додека третото останува осомничено. Како што претходно објави Истражниот комитет во врска со терористичкиот напад доега вкупно се уапсени 11 лица, но се претпоставува дека ќе следат дополнителни приведувања.

Како што е наведено во цитираниот документ, Диловар Исломов е родум од Душанбе и има руско државјанство. Роден е 1999 година и работи како таксист. Судот му одредил затворски притвор до 22-ри мај. Се додава и дека Аминчон Исломов бил регрутиран во криминалната група најдоцна до јануари од еден од извршителите на терористичкиот напад Шамсидин Фаридуни, кому ден претходно му беше одреден притворот.

Нападот на концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск во близина на Москва се случи вечерта на 22-ри март. Четири лица упаднаа во зградата и почнаа да пукаат во луѓе на празно растојание. Палеа и пожари на повеќе места.

Според последните податоци на Истражниот комитет загинале 137 лица, од кои три деца. Уште во саботата, главната уреднчка на медиумската група „Россия сегодня“ и на телевизискиот канал RT, Маргарита Симонјан, објави дека бројот на жртви изнесува 143. Според Министерството за здравство на Московскиот регион, како резултат на терористичкиот напад ранети се 182 лица.

Четворицата директни извршители беа уапсени рано утрото на 23-ти март во областа Брјанск. Станува збор државјаните на Таџикистан идентификувани како Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов. Уапсени се кога со автомобил веднаш по нападот се упатиле кон украинската граница, а запрени биле од патрола на 85 километри од граничната линија во шума во која се сокриле но подоцна се октриени и уапсени.