(Видео) Почина боксерската легенда Маријан Бенеш

Боксерската легенда на поранешната Југославија, Маријан Бенеш почина денеска во Бања Лука по долго боледување на возраст од 67 години. Смртта на Бенеш ја потврдила неговата ќерка Жанет за порталот „Дневни аваз“.

Во текот на својата аматерска кариера Бенеш имал 299 мечеви, од кои добил неверојатни 272, а изгубил 16 додека 11 останале без победник. Освоил девет титули на првак на Босна и Херцеговина, четири титули првак на Југославија и бројни ревијални титули. Во професионалната кариера од 56 меча победил 50, изгубил пет, а еден останал нерешен. Четири пати ја одбрани титулата европски првак, а е и неслужбен првак на светот.
Настапил и на Олимпсиките игри во Монтреал.

https://youtu.be/orGpnUP3DyY

По убедување бил Југословен, па по војната Хрватите го викале четник, а во Србија усташ.
За Бенеш збореа дека е југословенски Роки Балбоа, но целата имагинација на американската филмска индустрија која го создаде шампионот од филмското платно е неспоредлива со вистинскиот животен пат на боксерот, кој последните денови од животот ги помина во станот на својата порашена сопруга, Стана Штекиќ, која се грижела за него.