ВИДЕО: Подготовка за големата воена парада во Русија

Руската војска ги изведува последните подготовки за воената парада која на 9-ти мај ќе се оддржи во Москва на 70-тата годишнина од победата во Втората светска војна. Подготовките се оддржуваат во регионот на Москва, а учествуваат тенкови, оклопни возила, носачи ракети, како и военото воздухопловство.

Исто така, на парадата ќе бидат прикажани и ракетните системи Искандер, Тор, Бук, С-400, а во средата во близина на Москва летале и авионите од типот МИГ – 29 и борбените хеликоптери. Најавени е дека на пајавата ќе се појави и најновиот тенк „Армата“ за кој се вели дека е неуништив.

Погледнете ги подготовките.