
Студентскиот колач е навистина лесен и едноставен за подготовка, а воедно и вкусен.
На фотографијата можете да видите кои состојки ви се потребни за поготовка на овој десерт.
Начин на подготовка:
Сувите смокви исечкајте ги ситно. Измешајте ги со сувото грозје, додадете го шеќерот и румот и оставете ги да отстојат 20 минути. По 20 минути исцедете ги убаво. Во сад за матење ставете ги белките и изматете цврст снег, а потоа додадете го шеќерот. Исцеденото овошје додадете го во снегот од белки и мешајте со шпатула додека да добиете изедначена смеса. Во големиот плех од Делимано ставете еден лист обланда и прелејте ја со колач смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.Сервирајте коцки, посипани со малку шеќер во прав.
ВИДЕО: Мои рецепти