На Фејсбук страницата „Паркирам као идиот“ се појави видео снимка од борбата на еден возач со раскопаната трамвајска пруга во Загреб.
Со цел да ја помине пругата и да влезе во зградата, возачот се досетил да си постави штици, но не поминало се како што очекувал.
Коментарите за неговиот маневар се поделени. Некои го обвинуваат, а некои велат дека ако таму е влезот во неговиот двор, тогаш би требало да му биде овозможен нормален влез. Погледнете колку „прецизно“ успеа да се паркира.