Неколку полицајци се повредени во петокот во судирот со противниците на вакцинирањето против коронавирусот во Лондон, додека британската влада треба да донесе решение дали ќе го воведе вакцинирањето против Covid-19 за децата на возраст од 12 до 15 години.
Противниците на вакцинирањето се обидеоа во текот на попладнето во петокот да влезат во зградата во којашто се сместени канцелариите на Регулатораната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA) во квартот Канери-Ворф, во источен Лондон. Оваа агенција, инаку, го издаде одобрувањето за користење на вакцините против Covid-19 во Велика Британија.
Лондонската полиција соопшти дека распоредила „значителен број службеници“ за да го „заштитат влезот“ во зградата на агенцијата. Група демонстранти потоа се упатила во друг лондонски кварт Саут Кенсингтон, на западот, објави полицијата.
„Одреден број демонстранти беше насилен кон полицијата. Четири полицајци се повредени во судирите“, објави лондонската полиција на Twitter, осудувајќи го „неприфатливото“ однесување. Додава дека десет лица се досега уапсени.
Претходно на 23-ти август десетици противници на рестриктивните мерки за сузбивање на епидемијата на коронавирусот и кампањата за вакцинирање насулно упаднаа во просториите на продукцијата ITN, чијашто информативна мрежа ја сочинуваат телевизиските канали ITV, Channel 4 и Channel 5. Тогашните протести се одвиваа во времето кога беше најавено проширувањето на кампањата за вакцинирање на тинејџерите на 16 и 17-годишна возраст.
Вакцинирањето против Covid-19 не е задолжително во Велика Британија, каде што од оваа коронавирусна болест досега почиаа над 133.000 лица. Движењето против вакцинирањето, според медиумите, не се прошири значително низ земјата, каде што околу 90 отсто од возрасното население ја примиле барем првата доза од вакцината.
🔴LIVE: Women protesters are violently snatched by Police
PROTEST FOR WOMEN SAFETY – Clapham Common | London
Watch now: https://t.co/qe8Hc0q6xi#LIVE #Livestream #London #SarahEverard #Freedom #ReclaimTheStreets #Women #WomenSafety #arrest #violentarrest #violentpolice #Violence pic.twitter.com/RwBop2MsHf— Subject Access (@SubjectAccesss) March 13, 2021
🔴LIVE: Tensions rise outside government building
Canary Wharf | London
Watch now: https://t.co/oKnycNiOr4#LondonProtest #Storm #AntiVaxPassport #MedicalFreedom #LIVE #Livestream #London #Freedom #Protest #Police #Vaccine #MHRA pic.twitter.com/MnPzVNRfFv— Subject Access (@SubjectAccesss) September 3, 2021