Доцна синоќа полицијата при рутинска контрола, на паркинг во близина на трговскиот центар „Беврли хилс“ во Капиштец, забележала лица во возило како пушат марихуана. Според информациите на „Нетпрес“ за еден од осомничените била распишана потерница, при што за време на обидот за апсење полицајката е претепана со тупаници и завршила во болница.
Сепак во меѓувреме успеала да ја повика специјалната единица „Алфи“ при што сторителите се уапсени.
Дел од граѓаните синоќа на социјалните мрежи се обиделе да дознаат што се случува.
Ми пратија видео од пред малку од ‘млечен’ во Капиштец. Наводно прободено е едно лице со нож. Има над 10 алфи, а сега дошла и увидна екипа… имало и некакво запленето возило. Што се случува? pic.twitter.com/x1jBPtxr64
— Kiril Efremovski (@kefremovski) February 13, 2019