Заменик-шефот на политбирото на палестинското исламистичко движење Хамас, Салех ал-Арури и три лица од неговата придружба загинаа во вторникот во експлозија што се случи во јужните предградија на либанската престолнина Бејрут, објави либанскиот сателитски тв-канал Al Mayadeen.
Претходно, либанската национална новинска агенција објави дека израелско беспилотно летало нападнало канцеларија на Хамас во населбата Ал Мушарафија во јужен Бејрут, при што загинале четири лица, а неколку други се повредени.
Според телевизијата, израелско беспилотно летало ја погодило канцеларијата на Хамас со три ракети. Засега нема официјална потврда од Хамас, а во прилогот на Al Mayadeen не се дадени други поединости за инцидентот.
استشهاد الشيخ صالح العاروري في عدوان اسرائيلي على الضاحية الجنوبية لبيروت#حماس #لبنان pic.twitter.com/BoruUyH6Bw
— Israa Alfass 🔻 إسراء الفاس (@Israa_Alfass) January 2, 2024