Пратеникот од крајната десница Гжегож Браун со противпожарен апарат ги изгасна свеќите на менората во полскиот Сејм (парламентот), по што беше исклучен од заседанието.
Снимките објавени на приватната телевизија TVN24 го прикажуваат Браун, член на партијата Конфедерација, како го зема противпожарниот апарат, оди низ ходникот на парламентот до традиционалниот еврејски свеќник, по што создава бел облак поради кој обезбедувањето морало да ги евакуира присутните од таа област.
Потоа Браун се упатил кон подиумот во салата на парламентот каде што Ханука, еврејскиот празник кој започна на 7-ми а завршува на 15-ти декември, го прогласи за „сотонски“ и додаде дека тој ја враќа „нормалноста“
Запрашан дали се срами од својата постапка, Браун одговори дека треба да се засрамат оние коишто учествуваат во „чиновите на славење на сотоната“.
Претседателот на парламентот Шимон Холовнија го исклучи од седницата и најави дека ќе го информирма обвинителството за неговиот чин. Браун ја напушти пленарната сала, пред тоа ракувајќи се со другите пратеници од крајната десница.
„Нема да има толеранција за расизмот, ксенофобијата и антисемитизмот сѐ додека сум јас претседател на парламентот“, порача Холовниа.
Полскиот кардинал Гжегож Рис во соооштение ѝ се извини на „целата еврејска заедница“ во Полска, велејќи дека се срами поради чинот на католикот Браун.