(ВИДЕО) Помпео само го потапкале по рамо, не му ја стиснале раката во Данска

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, е во посета на Данска, но, највпечатливо досега е тоа дека многумина од данските министри и функционери, како министерот за надворешни работи, одбиле  да се ракуваат со Помпео, поради пандемијата со коронавирусот.

Државниот секретар Помпео прво му се доближил на данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, којшто ја игнорирал подадената рака и го потапкал по рамото –  пренесе „Спутник“.

И министерот Јенис ав Рана, исто така, не сакал да се ракува со Помпео, нудејќи поздрав со лакт.

Вашингтон пост настанот го опишува како „чуден дипломатски танц“, а многумина на социјалната мрежа Твитер коментираа дека ова изгледало „крајно непријатно“.

Во Данска има над 13.400 регистрирани случаи на ковид-19, а починале 613 лица.