ВИДЕО| Поплави во Кина, патниците во метрото останаа во вода до појасот

Поради обилните дождови во центалната кинеска провинција Хенана се излеаја најголемите реки и поплавени се улиците на десетици градови, а патниците во подземната железница останаа заробени во вода до појасот.

Хенан, густо населената покраина двојно поголема на пример од Австрија, од викендот е погодена од невреме во невообичаено активната сезина на дождови. Засега нема извештаи за загинати или настрадани, но секојднвниот живот во регионот со 94 милиони жители е нарушен со прекини во сообраќајот.

Во Женгжу, главниот град на Хенан на бреговите на Жолтата река, во вторникот за еден час наврнале повеќе од 2000 мм дожд, принудувајќи ги градските власти да ги прекинат целосно сообраќајот во подземната железница.

На драматичните снимки кои се споделуваат на социјалните мрежи може да се видат патници во подземната железница во матната вода до појасот и на станицата на железницата претворена во базен.

Во Ружу, југозападно од Женгжу, на улиците поројот ги носел автомобилите и другите возила. Реката Ји, чиј водостој се зголемува, им се закани на спилите Лонгмен, кој е под заштита на УНЕСКО каде што се наоѓаат илјадагодишните статуи на Буда изразбарени во варовначките карпи близу градот Луојанг. Привремено е затворен и храмот Шаолин во градот Денгфенгу, познат по ориенталните борбени и други вештини.

Од саботата до вторникот на 3.535 метеоролошки станици забележани врнежи поголеми од 50 мм, од кои на 1614,п оголеми од 100. Мм, а на 151 од 250 мм. Најмногу дожд имало во градот Лушан – 498 ммм. Дождовите, според прогнозите, би требало да престанат во четврток.