ВИДЕО: Популарниот Дејвид Летерман оди во пензија

Мегапопуларниот американски ТВ водител и комичар, Дејвид Летерман, вчеравечeр во своето „Late Night Show“ објавил дека заминува во пензија.

Шоуто на Летерман се емитува на американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си уште од 1982 година.

Шеесет и седумгодишната американската ТВ ѕвезда прецизирал дека ќе се повлече од малите екрани во текот на 2015 година.

Исто така, Летерман е и филмски продуцент.

Неговата компанија „Worldwide Pants“ го продуцира неговото шоу, како и емисиијата „The Late Late Night Show with Craig Fergyson“. Компанијата на Летерман е продуцент и на неколку светски познати хумористични серии како што е „Сите го сакаат Рејмонд“ (Everybody Loves Raymond).