ВИДЕО| Поранешен фудбалер на „Ѕвезда“, водач на наркоклан: Откриено кој стои зад шверцот на 324 килограми кокаин во Грција

Водач на шестчлената група, која вчера беше уапсена за 324 килограми кокаин во Солун, е 40-годишниот Живко Бакиќ, поранешен фудбалер на „Црвена звезда“, објави српски „Блиц“.

Покрај него, уапсени се: А. М., Н. П., С. Ш., М. С. и С. С., поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела здружување за извршување кривични дела во врска со кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничените се обвинети за формирање организирана криминална група во Јужна Америка, Западна Европа, Република Грција и во Република Србија во 2020 и 2021 година со цел купување и пренесување поголема количина наркотична дрога кокаин преку океански бродови од Јужна Америка на територијата на Западна Европа и Република Србија заради пуштање во оптек и прибавување голема противправна имотна корист, пишува српски „Блиц“.

Но, и дека во наведениот временски период оваа организирана криминална група купила, пренела и задржала на продажба 324 килограми наркотична дрога кокаин, од Еквадор до пристаништето во Солун во Грција, каде што наведената наркотична дрога била запленета од грчката полиција.

Осомничените се приведени во полиција по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Јавното обвинителство за организиран криминал, објавија српските медиуми.