ВИДЕО| Поранешен либански министер и новинар со тупаници се пресметаа пред телевизиските камери

Во дебатна емисија во живо во програмата на либанскиот телевизиски канал MTV поранешен министер и новинар започнаа жестока вербална пресметка која прерасна во општа тепачка, а мораше да интервенира дури и војска.

Во ток-шоуто „Sаr el-Waet (Беше крајно време) на либанската MTV. водено од Марсел Ганем, се соочија поранешниот владин министер Виам Вахаб, познат по неговите блиски врски со проирнаското шиитско движење Хезболах и неговите сојузници, и новинарот Симон Абу Фадел, чии ставови често се усогласуваат со ривалската партија Либански сили.

Спорот започна кога дискусијата се сврте кон американските санкции наметнати кон поранешниот министер Вахаб, а ескалираше кога Абу Фадел рече дека „САД ги дисциплинираат Либанците“.

Вахаб потоа го нападна Абу Фадел, а телохранителите на Вахаб интервенираа. Абу Фадел падна на земја, постојано удиран со тупаници додека не беше прекинат преносот.

Припадниците на либанските вооружени сили пристигнаа во просториите на телевизијата за да ја преземат контролата над ситуацијата. Емитувањето подоцна продолжи, при што Вахаб се извини во етерот пред да биде замолен да замине од водителотГанем.

„Она што ми се случи пред еден момент не е ништо друго туку дел од она што им се случи на некои чесни луѓе кои ја платија цената за своите ставови“, изјави Абу Фадел пред камерите откако се појави со модринки на лицето и устата.