(ВИДЕО) Поранешниот играч на Интер крвнички го тепаше својот татко, полицијата спречи убиство

Фреди Гуарин, поранешниот колумбиски репрезентативец и некогашен член на Интер и Порто, е фатен на видео како крвнички го тепа својот татко и уште неколку членови од семејството, пред да биде спречен од полицијата, пренесе СпортМанија.

-Јасно се гледа дека Гуарин му нанел тешки повреди на татко му бидејќи на него се гледа голема количина на крв, особено на фармерките. Гуарин при тоа одбиваше да биде приведен, па со сила го легнаа на болничка носилка и веројатно по проверката во болница, ќе заврши во полициска станица, а можеби го чека и затворска казна, пишува порталот.

https://twitter.com/CabineSport/status/1377658424801038336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1377658424801038336%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Feks-igrach-na-inter-krvnichki-go-tepashe-svojot-tatko-policijata-sprechi-ubistvo-video%2F